Ракометарите на Вардар по пет одиграни натпревари се искачија на врвот од Б групата, откако со 40-34 го совлада Европскиот првак, Киелце.


Очекувано, расположението беше различно во таборите од екипите. Тренерот на Вардар не го криеше задоволството од победата остварена во вториот дел.

– За нас ова беше многу важен натпревар против Европскиот шампион. Сакам да им честитам на Кјелце и на тренерот Душебаев за она што го напаравија минатата сеозна. Игравме против европските шампиони со голема мотивација. Што се однесува до натпреварот, во првиот дел не бевме најдобри, Кјелце играше добро во нападот, а беше тешко да се сопрат Агинагалде и Бомбач. Во вториот дел игравме многу подобро, Арпад Штебрик имаше неколку добри одбрани, реализиравме неколку контри и беше многу подобро. Карачиќ, Душебаев и Дибиров одиграа многу добар меч. Им честитам на моите играчи за добро одиграната средба. – изјави шпанскиот стручњак на клупата од Вардар.

Неговиот колега Талант Душабајев не беше расположен за средба со новинарите и кратко прокоментира за натпреварот. – Честитки за Вардар. Нашата одбрана не беше најдобра, но се надевам дека ќе бидеме многу подобри на следниот меч против Загреб.

Вардар со скор од пет победи и еден пораз се наоѓа на врвот пред Рајн Некар кој е следен ривал на „црвено црните“ во европската пловидба.

ЛШ: Европскиот првак на колена во Скопје

OhridNews