Германскиот бундеслигаш Рајн Некар Левен во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески обезбеди предност од два погодоци после првиот осминафинален натпревар победувајќи го тимот на Нант со 34-32 (18-16) предводен од Кирил Лазаров.

 

Првото полувреме од првиот осминафинален натпревар езултатски им припадна на домаќините, но гостите речиси цело време го контролираа резултатот. Во текот на полувремето французите имаа предност и три погодоци (8-5), а ракометарите на Рајн Некар вкусот на водството го почуствуваа во финишот кога поведоа со 16-15. До крајот постигнаа уште два погодоци, а гостите еден за 18-16.

Во вторите триесет минути „лавовите“ не дозволија Нант да го преземе водството. Домаќините имаа и пет погодоци предност (31-26), но искусните ракометари на Нант се вратија во игра и претрпеа прифатлив пораз во првиот меч од осминафиналето.

Лазаров во текот на натпреварот реализираше два погодоци, додека Талески не успеа да постигне погодок. Најпрецизен во тимот на Рајн Некар беше пивотменот Колбахер со 11 погодоци, а кај французите Њокас и Гурбиндо по седум пати ја затресоа противничката мрежа.

Реванш натпреварот во Франција се игра следниот викенд.

OhridNews