Екипите на Барселона и Баерн Минхен обезбедија минимална предност по првите четврфинални натпревари во Лигата на Шампиони победувајќи ги Атлетико Мадрид (2-1) односно Бенфика (1-0).
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес на своја кожа ја осети суровоста на фудбалот. Напаѓачот во 25-та минута погоди за водство на својот тим, а само 10 минути подоцна ја напушти играта поради два жолти картони.
Каталонците во вториот дел преку Луис Суарез кој стрелаше два пати прецизно го свртеа резултатот и го казнаа Фернандо Торес за непромислените стартови.
„Баварците“, пак, со голот на Артуро Видал уште во втората минута најавија атак на убедлива победа, но останаа само на тој погодок.
Домаќините не искористија неколку изгледни прилики за втор погодок и на „Стед де Луиз“ ќе ја бранат минималната победа.
Реванш мечевите од четвртфиналето на програмата се наредната седмица.
Мх.П.