Екипата на Вардар го претрпе петтиот пораз во Лигата на Шампиони откако загуби мининално во Германија 28-27 (14-15) од тимот на Рајн Некар Ловен.


„Црвено црните“ долго време го контролираа текот на мечот, имаа и водство од три голови, но попуштија кога беше најпотребно во финишот.

Иницијална каписла на кам бекот на „лавовите“ беше Борко Ристовски кој во вториот дел со четири брзи интервенции им даде крила на своите ракометари.

Енди Шмит со десет погодоци распука кон голот на „вардарци“ кои немаа одговор за течната игра во нападот на домаќините. 

И покрај аномалиите во играта ракометарите на Вардар во финишот имаа напад за реми, но во два наврати успешно интервенираше голманот Апелгрен.

Вардар со скор од шест победи и пет порази се најде на петтата позиција додека германците се израмнија со Киелце на втората позиција со 15 бодови.

OhridNews