Со дерби мечевите меѓу Барселона – Арсенал и Баерн Минхен – Јувентус ќе се спушти завесата во осминафиналето од Лигата на Шампиони.


Барселона во реваншот на Ноу Камп покрај предноста на домашниот терен, има големи 2-0 од првиот меч одигран на Емирати со Арсенал.


Многу поинтересно и понеизвесно ќе биде на Алијанц Арената каде ќе се судрат германскиот и италијанскиот првак.

Првиот меч во Торино по многу возбудувања заврши без победник 2-2, а во Минхен ќе се решава патникот во четвртфиналето.


На „баварците“ им одговара реми без голови или пак 1-1, а „старата дама“ сигурно стрпливо ќе ја чека својата прилика покрај „головите во гости“ примени во првиот во првиот меч.

Два од овие четири тима ќе им се приклучат на Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, Бенфика, Волфзбург, Реал Мадрид и ПСЖ кои веќе се меѓу осумте најдобри.

OhridNews