Фудбалерите на Тотенхем и Реал Мадрид се многу блиску до пласман во најдобрите осум во Лигата на Шампиони. „Петлите“ максимално го искористија домашниот терен и славеа со 3-0 против Борусија Дортмунд, додека „кралевите“ ја покажаа својата класа и со 2-1 го совладаа Ајакс во Амстердам.
Избраниците на Маурицио Почетино сиот свој квалитет и потенција го покажаа во второто полувреме во кое успеаја да постигнат три погодоци и да го фрлат на колена лидерот во Бундес лигата. „Милионерите“ само поради лошата завршница останаа без водечки погодок во првиот дел. За сите промашувања казната ги стигна во 46-та минута кога Сонг погоди за 1-0. Тој резултат активен беше до 83-та минута кога Вертонген на сличен начин како Сонг зголеми 2-0. Точка на натпреварот, а можеби и на двомечот стави Љоренте кој за 3-0 стрелаше во 86-та минута.
Бранителот на трофејот во ЛШ, Реал Мадрид со погодокот на Маркос Асенсио во 87-та минута осигура победа и во голема мера мирен реванш пред своите гледачи. Ајакс се мотивираше и добро играше, но искусните фудбалери на Реал Мадрид не потклекнаа и на дело демонстираа класа кога доаѓаат на ред нокаут мечевите. Бензема во 60-та минута го отвори резултатот, а 15-тина минути подоцна Хаким го изедначи резултатот. Последниот збор го имаше Асенсио кој погоди за 2-1 и конечна победа.
Осминафиналните натпревари во ЛШ продолжуваат следната недела. На програмата ќе бидат преостанатите четири мечеви Ливерпул – Баерн Минхен, Лион – Барселона, Атлетико Мадрид – Јувентус, Шалке – Мен Сити.
OhridNews