Фудбалерите на Арсенал без германскиот репрезентативец, Месут Озил ќе му се спротистават на Баерн Минхен во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.
Озил поради настинска го пропушти дербито со Ливерпул викендов што измина, а нема да биде подготвен за дуелот со „баварците“ иако тренира заедно со екипата.
– Озил не е физички подготвен за натпревар каков што не очекува. Тој со првата екипа почна да тренира вчера затоа нема да биде во комбинација за мечот со Баерн Минхен. Според очекувањата Озил ќе биде подготвен за мечот со Линколн во ФА купот. – изјави Арсен Венгер.
„Топчиите“ на домашен терен ќе бркаат чудо, бидејќи првиот натпревар одигран на Алијанц Арената го изгубија убедливо 5-1.
OhridNews