Англискиот премиерлигаш Арсенал петта сезона во низа натпреварите во Лигата на Шампиони ги завршува во 1/8 финалето. Овој пат непреминлива пречка за Арсенал беше Монако, кој со вкупни (3-3) се пласираше меѓу најдобрите осум екипи.


„Топчиите“ во реванш натпреварот победија со 2-0, но поразот на „Емирати“ со примен гол повеќе 3-1 беше пресуден за патникот во четвртфиналето.


Стрелци на головите за Арсенал беа Оливие Жиру во првиот и Арон Ремси во вториот дел што беше недоволно за сензација на „Стед де Луис“.


По елиминацијата на Арсенал најдобрата лига во светот Премиер остана само со еден преставник Манчестер Сити, кој се наоѓа во незавидна ситуација откако претрпе пораз на првиот натпревар со Барселона 2-1 пред своите гледачи.

Мх.П.