Чуварот на мрежата, Петар Чех е еден од главните адути на англискиот премиерлигаш Арсенал во двомечот со Барселона во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.
До сега во мечевите во Лигата на Шампиони, Лионел Меси ниту еднаш не успеал да го совлада чешкиот голман.
Но, Аргентинецот не е единствена закана по голот на Арсенал тука треба да споменат Луис Суарез и Нејмар кои го сочинуваат најубоитиот напад во светот.
Според букмејкерите Барселона е фаворит, но „топчиите“ со помош од публиката се надеваат на поволен резултат.
OhridNews











