Француска или шпанска школа, Фабрегас против Џерард, предност или неизвесност. Англиските ривали Арсенал и Ливерпул ќе го одиграат 200. меѓусебен меч во својот 115-годишен ривалитет. Досега Ливерпул е подобар тим со 80 победи, Арсенал славел на 70 меча, а 49 меча завршиле реми.

 
тимската игра ги донесе во 1/4 финалето

За репрезентативецот на Шпанија и најголема ѕвезда во тимот на Арсен Венгер, Цес Фабрегас притисокот пред дуелот делува екстра мотивирачки врз неговата игра.
Многу го сакам притисокот. Секогаш играм добро кога чуствувам обврска да забележам позитивен резултат, независно од противникот. Така беше и на Сан Сиро. Сите ќе го заборават тој дуел ако бидеме елиминирани. Ништо не сме направиле.


Од нив се очекуваат голови

За разлика од Фабрегас, капитенот на “црвените”, Стивен Џерард смета дека 1/2-финалистот ќе биде познат во последните 10 минути од реваншот.

Очекувам неизвесна и многу нервозна средба и на Емирати и на Енфилд. Вечерва ништо нема да се знае. Последните 10 минути од реваншот ќе одлучат за полуфиналистот, изјави Џерард.

Неизвесно сценарио се очекува и меѓу претставниците на Турција и Англија, Фенербахче и Челзи.


Ги чека “пекол“ во Турција
 

Бразилската легенда Роберто Карлос вели дека Фенер е реинкарнација на големиот Реал (М).
Играме како Реал (М). Можеме да го елиминираме Челзи. Никогаш нема да се заситам од трофеите. Нашата моќ ја покажавме против Севилја. Не знам како ќе реагираат на оваа невидена публика. Не е лесно освен 11 квалитетни фудбалери против себе да имаш и 60.000 публика. Не можам да ви ја опишам атмосферата.

Ohridnews