Во имињата на Алем Тоскиќ, Даниел Шишкарев и Арпад Штребик четвтфиналистот во Лигата на Шампиони, Вардар има свои престаници во изборот на најдобрите играчи, голови и одбрани во возвратните мечеви од осминафиналните пресметки.


Со стопроцентен учинок на мечот со Висла Плок (8/8), пикерот Тоскиќ си обезбеди место во идеалната екипа за реванш мечевите од осминафиналето.

Штербик, пак, со круцијалната одбрана по ударот на Никчевиќ во 59-та минута го осигура првото место во ТОП 5 одбраните, а Шишкарев со голот од зглоб се најде на третата позиција од најдобрите пет голови.

Билетот за пласман на „фајнлфор“ турнирот во Келн македонскиот ракометен првак ќе го вади во дуелот со ривалот регионалната СЕХА лига и унгарскиот шампион Веспрем.

Тимот на колото: Андреас Егерт (лево крило/Фленсбург), Димитри Житников (лев бек/Висла Плок), Стефан Вујчиќ (среден бек/Загреб), Денис Бунтиќ (десен бек/Киелце), Драган Гајиќ (десно крило/Монпеље), Алем Тоскиќ (пикер/Вардар), Никлас Лендин (голман/Кил).

ТОП 5 одбраните можете да ги погледнете ТУКА.

ТОП 5 головите можете да ги погледнете ТУКА.

OhridNews