Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски, иако повреден може да настапи на реванш дуелот со Реал Мадрид во Лигата на Шампиони. Тричковски се здоби со повреда на раката, а му се предвидуваше пауза од месец дена, но магијата што ја создава Лигата на Шампиони е посилна од било каква повреда.


Сепак тешко е за очекување дека АПОЕЛ може нешто посериозно да направи на Сантијаго Бернабе откако на првиот дуел пред своите гледачи претрпеа пораз од 3-0.

Мх.П.