Дербито на Винсенте Калдерон меѓу Атлетико Мадрид и Баерн Минхен му припадна на домаќинот со минимални 1-0, а Селтик и Манчестер Сити ремизираа во натпревар со шест погодоци (3-3) на Селтик Парк.


Фудбалерите на Селтик три пати во мечот со Манчестер Сити имаа предност, но „граѓаните“ исто толку пати се враќаа во игра. Дембеле го отвори резултатот во 3-та минута, а во 12-та со истра мера возврати Фернандињо. Осум минути подоцна, домаќините поведоа 2-1 со автоголот на Стерлинг, а истиот фудбалер го изедначи резултатот 2-2. На почетокот од вториот дел Дембеле со вториот погодок носи водство за домаќините 3-2, а гостите преку Нолито трет пат ја анулирааат предноста на домаќините.

Бодовите од првата епизода од полуфиналната реприза од минатата сезона во ЛШ останаа во Мадрид, благодарение на Јаник Караско кој во првото полувреме го постигна единствениот погодок на мечот.

Атлетико пред финишот имаше можност порано да го реши победникот, но ударот од белата точка на Ентони Гризман заврши во пречката. 

Резултати:

Група А: Арсенал – Базел 2-0, Лудогорец – ПСЖ 1-3

Табела: Арсенал 4, ПСЖ 4, Базел 1, Лудогорец 1.

Група Б: Бешикташ – Динамо Киев 1-1, Наполи – Бенфика 4-2

Табела: Наполи 6, Бешикташ 2, Бенфика 1, Динамо Киев 1.

Група Ц: Борусија Менхенгладбах – Барселона 1-2, Селтик – Манчестер Сити 3-3

Табела: Барселона 6, Мен Сити 4, Селтик 1, Борусија Менхенгладбах 0.

Група Д: Атлетико Мадрид – Баерн Минхен 1-0, Ростов – ПСВ Ајндховен 2-2

Табела: Атлетико Мадрид 6, Баерн 3, ПСВ Ајндховен 1, Ростов 1.

OhridNews