Деветкратниот првак Реал Мадрид против Шалке во Гелзенкирхен ја покажа сета своја сила совладувајќи го 6-1. Вториот осминафинален дуел на програмата меѓу Галатасарај – Челси, кој се одигра во Турција заврши без победник 1-1.

Сите честитки за убедливиот триумф на „кралевите“ против Шалке одат на сметка од Герет Бејл, Карим Бензема и Кристијано Роналдо кои постигнаа по два погодоци и ја завршија задачата уште во првиот натпревар во 1/8 финалето.


Избраниците на португалскиот стратег Жозе Мурињо незнеаја да ја задржат предноста по голот на Фернандо Торес во 9-та минута и испуштија победа откако Аурелиен Чеџу во 64-та изедначи на 1-1. Патникот во најдобрите осум ќе се решава на „Стемфрод Бриџ“, а предност секако ќе имаат „сините“ поради голот во гости.


Реванш натпреварите од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони во Лондон односно Мадрид ќе се одиграат на 18 март.

Мх.П.