Актуелниот европски првак Фленсбург одбраната на титулата ќе ја започне од Б групата, каде уште се шпанската Барселона, данскиот Колдинг, шведскиот Алингас, полскиот Висла Плок, како и еден квалификант.
– Ние сме среќни со ждрепката, добивме убава група со одлични клубови. Тука е Барслона имаме дански, шведски и полски тим за протвници и сум задоволен од тоа како помина денешната ждрепка.Нема да биде лесно – беа првите реакции на Дирк Шмашке од Флензбург
Не многумина очекуваа да стигнат до финалето, поготово по трилер победата над Вардар, а потоа а преку Барселона да влезате во финалето и таму повторно на општо изененадување да го победате Кил и да ја освојат титулата. Не е воопшто лесно да се стигне до врвот, но уште потешко е таму да се остане.
– Мислам дека за нас беше вистинско чудо што ја освоивме лигата на шамиони. Но ние напорно работевме во финишот од сезоната, каде до последно бевме во трка со Кил за титулата во Германија. Нависитна тешко ќе биде да се одбрани врвот, ние го знаеме тоа, но ќе направиме се за да го повториме тој успех. Не е воопшто лесно да се стигне до финалето.Прво потребо е да се одигра добро во групите, потоа кога ќе стигнат елиминациските мечеви, мора да се елиминира секоја минимална грешка. Самите натпревари во финалето се шок мечеви –смета Шмашке
Малку недостигаше Флензбург да остане без стратегот Врањеш кој беше на пат за Париз. Но швеѓанецот се премисли и остана во германскиот тим.
– Навистина бевме лути на ПСЖ кој се обиде да го “украде“ Љубо Врањеш, но ние сме среќни што тој остана со нас и во наредните неколку години ќе го продолжи овој проект на кој напроно работиме – заврши Шмашке
Нова година, нова сезона, нови предизвици и за Барселона, која во својот состав го има македонскиот капитен Кирил Лазаров.
– По силниот Ф4, еве не повторно во Виена пред еден нов старт. Ќе биде долг патот да стигнеме до завршниот турнир и оваа сезона. Имаме силна група, но ние сме среќкни што се почнува од ново. Ќе имаме можност да се сретнме со Фленсбург, кој ќе биде специјален меч, тоа се мечеви кои публиката поготово ги обожава. Тоа ќе биде наша можност за реванш и ќе биде доста интересно. Нашата цел останува пласманот на завршниот турнир, секогаш е тешко да се триумфира, а тому ланската сезоната беше потврда за тоа, но ќе се бориме до последниот момент – истакна Хавиер О Калахан преставникот на Барселона во Виена.
М.П.