Македонскиот вицепрвак Вардар прокнижи нови три бодови на табелата победувајќи го Целје во „Јане Сандаски“ со 34-32 (19-17).


Двете екипи одиграа брз и динамичен ракомет, кој изобилуваше со голем број на квалитетни погодоци.

Во составот на Вардар брилираа Игор Карачиќ (6 погодоци) и Тимур Дибиров (7), а одличен меч одиграа и пивотмените Алем Тоскиќ (5) и Михаил Чипурин (2).

На голот одново солидна партија имаше Арпад Штербик, кој собра 13 успешни интервенции.

Ракометарите на Вардар со оваа победа и теоретски го заверија пласманот во нокаут фазата.

 

Мх.П.