Убедливата победа (35-27) над Фленсбург на Вардар му донесе пласман во ТОП 4 екипите на стариот континент и неколку индивидуални признанија од Европската куќа на ракометот (ЕХФ).


Ракометарите на Вардар, Лука Циндриќ и Даниел Шишкарев се најдоа меѓу најдобрите ракометари од реваншите во четвртфиналето, додека едни од головите на Алекс Душебајев и Вуко Борозан се меѓу најдобри пет. Овој пат меѓу најдобрите пет одбрани немаше место за Арпад Штербик кој до лудило ги донесе германските ракометари.

Идеалниот тим:

Лево крило: Валеро Ривера (Барселона)

Лев бек: Арон Палмарсон (Веспрем)

Среден бек: Лука Циндриќ (Вардар)

Десен бек: Јуре Доленец (Монпелје)

Десно крило: Данил Шишкарев (Вардар)

Пикер: Лука Карабатиќ (ПСЖ)

Голман: Гонзало Перез де Варгас (Барселона)

OhridNews