Српскиот првак Црвена Ѕвезда обезбеди пласман во третата квалификациска рунда во Лигата на Шампиони елиминирајќи го составот на Валета со две идентични победи (2-1).
Гостинската победа (2-1), белградскиот „црвено бели“ ја повторија и на Маракана по што со вкупни (4-2) се пласираа понатаму.
Во третата рунда од квалификациите ги очекува бугарскиот шампиони Лудогерец кој со вкупни (5-0) го помина тимот од Црна Гора, Младост Подгорица.
Резултати:
Алашкерт – Динамо Тбилиси 1-1 (0-2)
Лиеапаја – Салзбург 0-2 (0-1)
АПОЕЛ – ТНС 3-0 (0-0)
Тираспол – Бир Шева 0-0 (2-3)
СЈК – Бате Борисов 2-2 (0-2)
Копенхаген – Крусадерс 6-0 (3-0)
Црвена Ѕвезда – Валета 2-1 (2-1)
Легија – Зрински 2-0 (1-1)
Младост Подгорица – Лудогорец 0-2 (0-3)
Во заградите се резултатите од првите натпревари.
OhridNews