Актуелниот англиски првак, Манчестер Јунајтед е на работ од елиминација во Лигата на Шампиони откако претрпе пораз 2-0 од Олимпијакос во првиот дуел од 1/8 финалето.


Иако има уште еден натпревар за играње во овој двомеч, играта, пристапот и желбата за надигрување со грчкиот преставник на „ѓаволите“ беше загрижувачка.

Домаќините максимално го искористија стерилниот противник, два пати го нокаутираа и дополнително му го загорчија менаџерскиот живот на Дејвид Мојс.

На реванш натпреварот, кој ќе се одигра на „Олд Трафорд“, Мојс ќе мора да промени многу работи бидејќи со елиминација од Олимпијакос ќе биде изложен на нов голем удар од целата светска јавност.

Мх.П.