Македонскиот фудбалски првак, Вардар се пласираше во третата квалификациска рунда во Лигата на Шампиони, откако го елиминираше шведскиот првак Малме со вкупен резултат (4-2).

„Црвено црните“ на магичен начин со пресврт во вториот дел ја осигураа победата (3-1), која им ги отвори вратите за пласман во третата рунда.

Швеѓаните поведоа во 16-та минута со голот на Маркус Розенберг од пенал. Примениот погодок не ги поколеба „вардарци“ и констатно напаѓаа, но без некои поголеми шанси за погодок.

Во второто полувреме вардаровите фудбалери заиграа похрабро, тоа им донесе прво изедначување преку Бобан Грнчаров, а и водство по голот на Тигран Барсегјан, кој ја исправи грешката на Хуан Филепе по нереализираниот пенал.

Шведските фудбалери притиснаа во финишот, „црвено црните“ искористија шанса за контра напад и Бобан Николов со одмерен удар ја погоди мрежата и стави точка на големата победа на „вардарци“ во Струмица.

Фото: Гол.мк 
OhridNews