Ракометарите на Вардар ремизираа 30-30 (14-16) на првиот меч со Висла Плок во осминафиналето од Лигата на Шампиони.
Избраниците на Раул Гонзалес Гутиерез одигрувајќи храбро и со срце го надополнаа играчкиот дефицит на левата бековска позиција.
Домаќините очекувано, молскавично го започнаа натпреварот, што им донесе констатна предност во првата половина од средбата.
„Црвено црните“ се консолидираа и не дозволија ракометарите на Висла да им побегнат и на полувремето заминаа со негатива од два погодоци (16-14).
Во второто полувреме македонскиот шампион го покажа вистинското лице и му стави до знаење на Висла кој е кој во овој двомеч.
“Вардарци“ го презедоа водството кое на моменти достигнуваше и четири погодоци, што наговестуваше победа и пласман во 1/4 финалето.
Но, место да го „финишираат“ противникот нашите ракометари се опуштија и прокоцкаа победа откако домаќините погодија за реми во последните мигови од мечот.
Голманот Арпад Штербик мечот го заврши со десет интервенции, Игор Карачиќ постигна шест голови, Лука Циндриќ еден помалку, а Тимур Дибиров застана на четири.
Реваншот во Јане Сандански каде Вардар треба да ја оправда фаворитската улога ќе се одигра на 26 март (сабота) со почеток во 18 часот.
Мх.П.