Македонскиот ракометен првак Вардар прокнижи нови три бодови во групата во Лигата на Шампиони совладувајќи го унгарски Пиг Сегед со 27-23 (11-11).
До втората победа во вториот натпревар прва во Јане Сандански „црвено црните“ стигна со блескавата партија во вториот дел.
Во првиот унгарците пружија доста добар отпор што резултираше со егал (11-11) на семафарот.
Ротациите во нападот и стегањето на обрачот пред голот на Арпад Штербик (13 одбрани) веднаш донесоа резултаска позитива која беше доволна за победа.
Пет погодоци реализираше Игор Карачиќ, еден помалку постигнаа Тимур Дибиров и Алекс Душабаев кои го предоводеа нападот на „вардарци“.
Мх.П.











