Ракометарите на Вардар во осминафиналето имаат тешка задача да ја анулираат предноста од шест голови на Висла Плок, а ако успеат во четвртфиналето ги очекува уште потешка.


Македонскиот преставник со пласман во четвртфиналето во вториот баран би бил заедно со екипите победници од дуелите ПСЖ – Данкерк, Колдинг – Загреб, Пик Сегеде – Рајн Некар.

Во првиот се далеку поквалитетни екипи од рангот на Барселона, Кил, Веспрем и Киелце кои во реванш мечевите од 1/8 финалето треба да го потврдат учеството во четвртфиналето.

Кој и да е ривал на Вардар во четвртфиналето ќе биде вистински спектакл, но прво „црвено црните“ треба го минат осминафиналето.

Мх.П.