Тимур Дибиров и Алекс Душебаев се најдоа во идеалниот тим на првото коло во Лигата на шампиони. Дибиров и Душебаев, во победата на Вардар во Цеље (27-26) заедно постигнаа 19 голови.

Во она што беше најдобро во првото коло, според ЕХФ, место има и за голманот на Металург Дарко Станиќ, тој ја има најдобрата одбрана, додека Дибиров на листата на најубави голови се наоѓа на третото место.
Идеален тим во Лигата на шампиони, 1.коло:
Голман: Оле Еревик (Олборг)
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
Среден бек: Миха Зарабец (Цеље)
Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)
Десно крило: Каспер Ирминг Андерсон (КИФ Колдинг)
Пивот: Јаспер Недезбо (Барселона).
„Макфакс“










