Ракометарите на Вардар со камата му вратија на Колдинг за поразот од првиот сегмент во групната фаза победувајќи го во Јане Сандански со убедливи 34-24 (18-8) во 10-та рунда од Лигата на Шампиони.


Избраниците на шпанскиот стратег Раул Гонзалес Гутиерез почнаа фуриозно и со серија од 5-0 веднаш го отпишаа данскиот преставник во Скопје.

„Црвено црните“ предноста од десет погодоци на паузата ја обезбедија со уште една серија од 5-0 пред крајот на првиот дел.

Смената на голот и ротацијата во составот на Вардар во вториот дел донесе повеќе свежина во екипата и лесни голови од контра напади.

Домаќините ја забележаа шестата победа во десеттата рунда и ставија точка на серија од три порази во групната фаза.

Со исклучок на Илија Абутовиќ сите ракометари се запишаа во листата на стрелци за Вардар.

Следниот меч „црвено црните“ во ЛШ ќе го одиграат во 2016 година на гости во Германија против Рајн Некар Ловен.

Мх.П.