Ракометарките на Вардар со тесен триумф над романски Букурешт 22-21 (11-11) ја отворија втората фаза во Лигата на Шампиони.
„Црвените црните“ иако победија одиграа меч за заборав кој целосно налкуваше на оној со Ѓер од стартот на сезоната во ЛШ кога изгубија.
Среќа, и романките грешеа во додавањата па силите во тој сегмент беа изедначени, а искуството и индивидуалните потези на крајот пресудија во корист на македонскиот првак.
Херој на „вардарки“ беше Ина Суслина која го скроти последниот напад на романките, а собра вкупни пет одбрани. На 12 успешни интервенции застана Амандин Лејно која го започна мечот.
Со пет голови најефикасна во тимот на Вардар беше Андреа Лекиќ, по четири реализираа Андреа Пенезиќ и Сираба Дембеле.
Со овие два бодови избраничките на Индира Кастратовиќ стигнаа до шест и наговестија борба за првите позиции во групата.
Фото : 24ракомет.мк
Ohridnews











