Најдобриот турски судија Сунејт Чакир ќе го суди финалето во Лигата на Шампиони на 6 јуни во Берлин каде ќе се сретнат Јувентус и Барселона.


37-годишниот турски арбитар има големо искуство во меѓународните натпреварувања кои ги организираат УЕФА и ФИФА и еден од подобрите во Европа затоа не е изненадување ваквата одлука.

Чакир го водеше натпреварот меѓу Србија и Хрватска во квалификациите за Мундијалот во Бразил. Пак таму го судеше полуфиналниот натпревар меѓу Холандија и Аргентина.

Турскиот судија има една дамка низ кариерата, а тоа е дискутабилниот црвен картон за Нани на дуелот во ЛШ меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Финалето во Лигата на Европа во кое ќе се сретнат Севиља и Днипро ќе го води англискиот арбитар Мартин Еткинсон.

Мх.П.