Турскиот преставник во Лигата на Шампиони, Галатасарај в среда во 1/4 финалето ќе се сретне со деветкратниот првак Реал Мадрид. Тренерот на Галатасарај, Фатих Терим и  фудбалери се подготвени да одговорат на предизвикот и да приредат сензација.


– Многу добро го познавам Реал Мадрид, не смееме да излеземе стресени на натпреварот против нив. Не се плашиме од никого, не сме случајно овде. Со Мурињо сме добри пријатели, и тоа нема да се промени по завршување на овој двомеч – рече “императорот“ Терим.

Првиот натпревар од 1/4 финалето се игра на Сантијаго Бернабе додека реваншот за една седмица во Истанбул.

Мх.П.