Настапот на најдобриот ракометар на Вардар во Лигата на шампиони, Арпад Штербик против Кристијанштад е доведен во прашање.


Шпанскиот репрезентативец не тренираше со екипата цела недела поради проблеми со тетивата, а сигурно мечот со швеѓаните ќе го пропушти Игор Карачиќ кој се опоравува од операцијата на тестисите.

– Штербик не тренираше со екипата речиси цела недела и крајно е неизвесен за мелот во сабота. И да не биде Штербик подготвен за настап верувам дека Петар Ангелов и Страхиња Милиќ ќе ја завршат својата работа. – рече шпанскиот стратег Раул Гонзалес и додаде за мечот со новиот ривал во групата. – Тие ќе бидат психолошки растеретени бидејќи овој меч не им значи, наспроти нас кој мора да го добиеме. Играат добар ракомет со 6-0 одбрана, а во нападот форсираат контри и полу контри. Имавме долг период за одмор и тренинг по мечот со Рајн Некар и очекувам дека ќе се вратиме на победничките патеки.

Натпреварот од Лигата на шампиони во Скопје се игра в сабота со почеток во 17:30 часот. – Фаворитската улога е на наша страна, а тоа мораме да го пресликаме и на теренот. Играњето ефикасно во напад ќе биде задолжително бидејќи имаат пеколна трансформација по освоена топка. – додаде Мијајло Марсениќ.

Македонскиот првак со скор од шест победи и пет порази се наоѓа на петтата позиција додека Кристијанштад со две победи, едно реми и осум порази е на претпоследната седма позиција во групата.

OhridNews