Ракометарките на Будуќност го срушија сонот на Вардар за пласман во големото финале од Лигата на Шампиони совладувајќи го во 1/2 финалето со убедливи 27-17 (14-9).


Полуфиналниот натпревар започна онака како што посакуваа црногорците со малку погодоци и шаховска игра во одбраната.

„Црвено црните“ во првите десет минути постигнаа само еден погодок што беше и патоказ за понатамошниот тек од натпреварот.

Многуте технички грешки во нападот, слабиот процент на реализација и немањето помош од голманите во продолжението беа премногу аномалии во играта на „вардарки“ за меч со европскиот вицепрвак.

Будуќност за златниот медал ќе се бори со Ларвик, кој во полуфиналето го совлада составот на Динамо додека Вардар ќе го брани третото место од минатата сезона.

Мх.П.