Македонскиот ракометен шампион Вардар прокнижи нови бодови во групната фаза од Лигата на Шампиони откако во Унгарија со 31-29 (13-14) го совлада Пик Сегед.


Херој на „црвено црните“ беше голманот Страхиња Милиќ кој собра 13 успешни интервенции по влегувањето во игра на местото од Арпад Штербик.

Покрај чуварот на мрежата иницијална каписла на пресвртот беше и Алекс Душабеав. Шпанецот постигна пет голови сите во вториот дел со кои му донесе динамика на нападот.

Хорхе Македа во вистинско време ја одигра најдобрата партија постигнувајќи осум голови најмногу во составот на Вардар.

Со овој триумф Вардар го зграпчи третото место во групата кое ако го задржи и по последната рунда ќе му донесе полесен пат до Ф4 турнирот во Келн.

OhridNews