„Црвено црните“ со убедливи 34-24 (18-14) го совладаа дрим тимот на Кјелце и го срушија митот на непобедливост на полјаците во Скопје.

Ракометарите на Вардар со двојна камата им вратија на противниците за минатогодишната елиминација во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони.

Избраниците на шпанскиот стратег Раул Гонзалес Гутириез одиграа перфектно и сосема заслужено се израдуваа на петтата победа во шестиот натпревар.

Шоу на голот имаше повратникот во тимот Арпад Штербик, а неговите соиграчи немилосордно го полнеа голот на Кјелце.

Најпрецизни во домашниот состав беа Дибиров и Горбок со по осум голови, четири постигна Шишкарев, а по три реализираа Тоскиќ и Душабаев.

Мх.П.