Пред преполните трибини во „Јане Сандаски“, Вардар со 25-19 (11-10) го совлада Рајн Некар и ја забележа четвртата победа во групната фаза во Лигата на Шампиони.
Стопроцетниот ефект во групите „црвено црните“ го продолжија со ефектна игра во двата правци во вториот дел од натпреварот.
Германците потклекнаа пред бедемот од голот, голманот на Вардар, Петар Ангелов и публиката која одново беше осми играч на „вардарци“.
Избраниците на шпанскиот стратег Раул Гонзалес Гутиерез со четвриот триумф во исто толку натпревари ја задржаа лидерската позиција во групата пред Киелце и Европскиот првак, Барселона.
Во петтата рунда во ЛШ еден од двата македонски преставници гостува во Данска кај составот на Колдинг.
Фото : Екипа.мк
Мх.П.












