Во неизвесен натпревар до самиот крај екипите на Вардар и Будуќност ги поделија бодовите на дерби средбата во Лигата на шампиони.


Во решавачките мигови „црвено црните“ имаа предност од два голови (23-21 и 24-22), но гостите од Црна Гора извлекоа реми на крајот од мечот.

Избраничките на Индира Кастратовиќ со овој бод стигнаа до седмиот во групата додека лидерот на табелата Будуќност има осум бодови.

Мх.П.