Европскиот првак Барселона со минимални 31-30 (15-12) го совлада македонскиот Вардар во дербито на колото од шестата рунда во Лигата на Шампиони.
„Црвено црните“ го „испотија“ европскиот ракомен владетел во буквална смисла на зборот парирајќи му во текот на целиот натпревар.
Мечот можеше да има сосема друг исход на крајот, ако македонските ракометари одиграа поприсебно во моментите кога имаа позитивен резултат и ракометар повеќе.
Каталонците техничките грешки ги казнуваа со погодоци, а „црвено црните“ го загубија здивот во брзата игра.
Со погодокот на Горбок во последната секунда, Вардар го ублажи поразот и најави пеколен меч со Барселона во Јане Сандаски следната недела.
Кирил Лазаров немаше свој ден постигнувајќи само еден погодок од десет обиди, а мрежата на Арпад Штербик ја „искина“ Жалуз кој реализираше 12 погодоци.
Ohridnews











