Македонскиот ракометен првак Вардар прокнижи нови три бодови во групната фаза во Лигата на Шампиони победувајќи го Кристијанштад со 30-25 (15-13).
Избраниците на шпанскиот стратег Раул Гонзалес Гутириез ја оправдаа фаворитска улога на теренот лесно справувајќи се со норвежаните.
Водството на „црвено црните“ беше констатно, победата воопшто не дојде по знак прашалник, но често варираше поради играта „топло ладно“.
Третата победа на Вардар во ЛШ остави мала дамка откако поради повреда предвреме мечот го заврши средниот бек Игор Карачиќ.
По седум голови релизираа Алем Тоскиќ и Тимур Дибиров, Хорхе Македа застана на пет, а одново на висина на својата задача беше голманот Арпад Штербик.
Ohridnews











