Македонскиот ракометен првак, Вардар го запоседна врвот во Б групата после победата над Загреб на домашен терен со 25-20 (14-8).
„Црвени црните“ носени од одличната шанса да се искачат на врвот во групата одиграа маестрален натпревар и го совладаа во секој сегмент хрватскиот шампион.
Одбраната брилираше, а нападот погодуваше кога беше најпотребно за победа изразена со пет погодоци предност на семафорот.
Своја вечер во Лигата на Шампиони имаше македонскиот чувар на мрежата во Барселона, Борко Ристовски кој своите одбрани одигра клучна улога во триумфот над Веспрем 25-22 (13-14). Ристовски со своите фантастични одбрани ги отпиша домаќините и ја задржа Барселона на врвот од А групата.
Вардар и Барселона со победите во 10-та рунда од првата позиција во А и Б групите ќе ги дочекаат финалните четири натпревари од групната фаза. Екипите кои ќе завршат на првата позиција во А и Б групите директно учествуваат во четвртфиналето, односно ги прескокнуваат елиминациските мечеви во осминафиналето.
Фото: Екипа.мк
OhridNews