Колдинг Копенхаген е последниот противник за ракометарите на Вардар оваа година во Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се одигра в сабота (17:30 ч) во СЦ „Јане Сандански“. Данскиот тим се чини дека е идеален противнк за прекинување на серијата од три поразa во која се наоѓа Вардар, но и можност ‘црвено црните’ да се ревашираат за поразот во првиот меч.

Вардар на 18. октомври загуби во Данска (33:31), што во во тој момент беше прв пораз на Вардар, односно прва победа на Колдинг во Лигата на шампионите. По нешто повеќе од еден месец од тој меч, Вардар загуби три натпревари а победи на само еден, додека Колдинг остана на таа една победа.

Во пресрет на десеттото коло, победата против Колдинг е императив за екипата која ја предводи Раул Гонзалес, кој пред мечот има сериозни кадровски проблеми. Kарачиќ не тренирал во изминатите десет дена, Македа е повреден, слични проблеми имаат Брумен и Тоскиќ, а Шишкарев поради настинка не тренирал во последните два дена.

„И покрај сите проблеми, ние мора да победиме. Ова е важен натпревар за нас, бодовите ни се потребни за да останеме во трката за второто место во групата. Мора во нападот да играме многу подобро отколку што тоа беше случај против Кјелце. Треба да биде внимателни и поради одбраната клоја ја игра Колдинг и да бидеме подготвени за нивните контранапади“, вели тренерот на Вардар Раул Гонзалес, пренесува „Макфакс“.

Вардар со пет победи и четири порази се наоѓа на петтата позиција додека Колдинг е последен на табелата со една победа.

Ohridnews