Победничката серија на ракометарите на Вардар во Лигата на Шампиони заврши во Данска откако „црвено црните“ претрпеа пораз во 5-та рунда од Колдинг 33-31.


Избраниците на Раул Гонзалес Гутириез на теренот не ја оправдаа фаворитската улога против тимот кој немаше победа во досегашните четири натпревари.

Лошото издание на Страхиња Милиќ и Петар Ангелов на голот се поклопи со отсуството на Арпад Штербик кој воопшто не отпаува во Данска против повреда.

Евидетно беше неиграњето на Душабаев и Деревен, а дополнителен хендикеп за Вардар беше повредата на Алем Тоскиќ во текот на мечот.

Нерешлива енигма за „црвено црните“ беа бековите Андерсон и Шпеленберг кои заедно искомбинираа 18 погодоци и донесоја прва радост за „ладните“ данци.

Покрај поразот еден од двата македонски преставници останува на првата позиција во групата Б пред Барселона и Рајн Некар Ловен.

Ohridnews