Македонскиот ракометен првак, Вардар со триумф 30-25 (9-12) над француски Монпеље ја започната новата евро авантура во Лигата на Шампиони.


„Црвено црните“ одиграа очајно прво полувреме што резултираше со негатива од три погодоци (12-9).

Нападот не беше на посакуваното ниво, а единствена светла точка беше Арпад Штербик кој го чуваше Вардар во живот.

Во вториот дел сликата на теренот комплетно се промени и заиграа по нотите на шпанскиот стратег Раул Гонзалес Гутириез.

Вардарци не само што ја стопија разликата на домаќините туку го презедоа и водството кое не го испуштија до самиот крај.

По шест погодоци реализираа Тимур Дибиров и Хорхе Макаде додека натпреварот Штербик го заврши со 17 одбрани.

Во втората рунда екипата на Вардар ќе се сретне со Пик Сегед на домашен терен во спортската арена Јане Сандаски.

Мх.П.