Екипите на Вардар во машка и женска конкуренција имаа успешен викенд во Лигата на Шампиони победувајќи ги своите ривали Загреб односно Турингер. Победите, а пред се добрите игри на „црвено црните“ им донесоа индивидуални признанија речиси во сите избори за најдобрите.


Пивотменот на „вардарки“, Ања Алтхаус го има голот на колото, а Андреа Пенезиќ покрај погодок меѓу најдобрите пет е одбрана за трите ѕвезди кои ја одбележаа третата рунда од главната фаза. Друштво на хрватската ракометарка во изборот за трите ѕвезди и прават Ана Грос од Мец и Жита Жужански од унгарскиот првак.

Ракометарите на Вардар во името на Лука Циндриќ и Арпад Штербик имаат свои преставници во изборот за најдобри голови односно одбрани.

Шпанскиот репрезентативец, Алекс Душебајев се најде во идеалниот тим на колото и го заокружи успешниот викенд на „црвено црните“ фамилија.

Тимот на колото:

Лево крило: Џери Толбринг (Кристијанштад) 

Лев бек: Оливер Рабек (Татран Прешов) 

Среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ) 

Десен бек: Алекс Душебајев (Вардар) 

Десно крило: Богдан Радивојевиќ (Фленсбург) 

Пикер: Толга Озбахар (Бешикташ) 

Голман: Андреас Паличка (Рајн Некар) 

OhridNews