Ракометарите на Вардар потешко од очекувањата славеа против Кристијанштад 38:36 (21:19), во 12.коло во Групата 2, во Лигата на шампионите. ‘Црвено-црните’, во раната фаза на натпреварот, стекнаа предност од седум голови, но потоа со му дозовлија на противникот да се врати во мечот и до последниот напад да стрепат за победата. 

Вардар добро влезе во натпреварот, во раната фаза, по само осум минути создаде предност од четири гола (7:3), а кога во 11.минута Циндриќ постигна гол за 11:6, тренерот на Кристијанштад мораше да побара тајм аут.

И по минутата одмор Вардар подобро делуваше на теренот и по 18 минути игра на своето конто имаше двојно повеќе голови од прптивникот (14:7).

Откако ја достигнаа највисоката предност падна темпото на игра кај варадорвите играчи, што готите го искористија и со три брзи гола се доближија на четири голови негатива, а до крајот на полувремето се вратија во мечот (21:19).

Бавно делуваа ‘црвено црните’ на почетокот на второто полувреме,  но и со таква игра ја оржуваа предноста од два гола. Сепак упорните ракометари на шведскиот првак не се мислеа да се предадат, трпеливо ја чекаа својата шанса и ја дочекаа во 50.минута кога стигнаа до израмнување (29:29).

По првото и единствено израмнување на мечот, Раул Гонзалес побара минута одмор, која на крајот се испостави како клучна за конечниот победник.

По тој тајм аут, Вардар набрзина постигна три гола (32:29) и до крајот на мечот и покрај два пормашени зицери и еден седмерец успеа да слави.

Циндриќ со осум и Горбок со седум голови беа најефикасните играчи на овој натпревар.

Вардар во наредното коло на 28.февруари (претпоследно во групата) ќе му гостува на ПИК Сегед, а потоа во последното коло на 5.март ќе го пречека Монпелје. 

„Макфакс“
OhridNews