Ракометарите на Вардар, денеска, во Португалија, против екипата на Порто ги рестартираат мечевите во Лигата на Шампиони. За „црвено црните“ ова ќе биде прв натпревар во пеколниот распоред кој ги очекува во вториот месец од годината.

По долгата пауза повторно се враќаме во Лигата на шампионите и нè чека тежок дуел против Порто. Португалскиот тим ни е познат противник, во Скопје ја имавме победата во рацете, но на крај го примивме тој несреќен гол. Можам да кажам дека Порто е многу квалитетна екипа. Нè чека долг пат, но имаме уште два дена за да се подготвиме. Добро го анализиравме тој натпревар во Скопје и мораме да ги анулираме тие грешки. – изјави десното крило Гоце Георгиевски.

Избраниците на Стевче Алушовски на 9 февруари ќе се сретнат со Пари Сент Жермен, два дена подоцна со германски Фленсбург, потоа на 14 и 18 февруари следува двомечот со Пик Сегед, а на крај се дуелите со норвешкиот Елверум. На крај, Вардар игра со Мотор Запорожје.

Вардар со една победа во пет натпревари се наоѓа на последната позиција, но речиси сите екипи имаат два или повеќе одиграни натпревари од македонскиот клуб.

Дуелот во Португалија се игра во 20:45 часот.

OhridNews