Во 11-от обид ракометарките на Вардар го срушија митот за непобледивост на Будуќност совладувајќи го со 26-24 (11-11) во главната фаза од Лигата на Шампиони.
Владетелот во женскиот ракомет во Европа долго време ги држеше конците од мечот во свои раце во „Јане Сандански“ и на десеттина минута од крајот водеше два разлика (22-20).
Избраничките на Индира Кастратовиќ не се предадоа и со фуриозен пет минут со серија (5-0) прво се вратија во игра, а потоа го презедоа водството (25-22).
Иницијална каписла за пресвртот беше чуварот на мрежата Амандин Лејно која собра 20 успешни интервенции, а во листата на стрелци се издвоија Барбара Лазовиќ со шест голови и Андреа Пенезиќ со пет погодоци.
Со овој триумф „црвено црните“ го осигураа третото место во главната фаза, а во последната рунда ќе се сретнат со шведскиот Савехоф.
OhridNews











