Ракометарките на Вардар со триумф ја започнаа главната фаза во Лигата на Шампиони, откако славеа во дербито со Будуќност 31-28 (16-16).


„Црвено црните“ со победата над црногорскиот првак го срушија проклетството во Подгорица кое траеше сезони наназад во најеминетното клупско натпреварување.

Првиот дел од натпреварот заврши егал (16-16), а „вардарки“ имаа повеќе контрола на резултатот.

Гол за гол се играше во вториот дел, а клучниот чекор избраничките на Дејвис Камара за победа го направија во финишот од мечот.

Голманката Лејно врза неколку одбрани во серија, а ракометарките во нападот погодуваа за конечна победа 31-28.

Со овој триумф Вардар ја зацврсти првата позиција во групата, додека Будуќност падна на третото место.

OhridNews