Ракометарките на Вардар доминатно стигнаа до победата во Будимпешта совладувајќи го домашниот состав Ференцварош со убедливи 37-24 (21-12) во дербито од Б групата.


Избраничките на Дејвис Камара покажаа дека ремито во Скопје во премиерниот меч од сезоната во Лигата на Шампиони било само лош ден и ништо повеќе.

„Црвено црните“ доминираа од почетокот до крајот на мечот. Клучните чекори кон победата која ги лансираше на врвот ракометарките на Вардар ги направија во првиот дел.

Домаќинките немаа одговор за агресивната одбрана на „вардарки“, која овозможуваше лесни и брзи голови во нападот.

Предноста од девет голови во првиот дел ракометарките на Вардар ја зголемија на плус 13 (37-24) на крајот од натпреварот.

Од поодамна Вардар беше патник во главната фаза, но после овој триумф јасно е дека тоа ќе го направи од првата позиција.

OhridNews