Во третата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони женскиот ракометен клуб Вардар пред своите гледачи ќе го пречекат составот на Митијаланд.
Данките во втората рунда изненадувачки го совладаа унгарски Ѓер кој во првото коло го „кутна“ Вардар во Јане Сандански.
– Многу и пријатно бев изненаден од нивната игра и победа против Ѓер. Но, јас сум сигурен во девојките наши и мислам дека имаме голема шанса да победиме. Нашата најголема предност е балканскиот менталитет и начин на игра. Тие немаат одговор за цврстата одбрана на екипите кои доаѓаат од Балканот. Имав многу потешкотии додека бев селектор на Данска да ги мотивирам репрезентативките да играат против таква одбрана, затоа тоа нашата најголема шанса. – рече Јан Питлик, помошникот на Иднира Кастратовиќ.
Натпреварот во Скопје се игра во првиот ден од ноември месец во 15:15 часот.
Мх.П.











