Женскиот ракометен првак во Македонија, Вардар теоретски го обезбеди своето учество во нокаут фазата во Лигата на Шампиони, откако во Германија со 38-26 (16-14) го совладаа домашниот тим Битигхајм.

„Црвено црните“ на дуелот од втората рунда од главна фаза комплетно ја оправдаа улогата на фаворит која ја имаа пред натпреварот. „Вардарки“ со триумфот над германскиот шампион ја продолжија серијата победи во ЛШ која трае од првата фаза.

Домашните ракометарки рамноправен ривал беа речиси половина полувреме кога имаа водство 8-6. „Црвено црните“ со серија 7-1 го свртеа резултатот во своја полза (14-9). До полувремето домаќинките намалија на 16-14 и нашите ракометарки со два погодоци позитива заминаа на одмор.

На стартот од второто полувреме со 4-0 серија македонскиот женски првак се одлепи на 20-14 и стигна до најголемата предност. Составот на Битигхајм не остапуваше од играта без голман, а ракометарките на Вардар постигнуваа лесни голови за двоцифрена предност на семафорот. Голема позитива дозволи ротација во составот која внесе свежина и нова голтетерска серија за 38-26 на крајот од мечот.

Најефикасна во тимот на Вардар беше Пенезиќ со 8 голови, 7 реализираше Цвијиќ, а на 6 застана Лекиќ. Кај домаќинките најпрецизна беше Роземален со десет голови.

Во третата рунда од главната фаза Вардар пред своите гледачи ќе го пречека Будуќност.

OhridNews