Ракометарките на Вардар на гостувањето во Букурешт ја забележаа петтата победа во главната рунда совладувајќи го домаќинот со 30-25 (17-11).


Во меч со многу технички грешки и малку голмански интервенции пресуди подобрата реализија на „вардарки“ во нападот.

„Црвено црните“ победата во клучниот меч во втората фаза ја наговестија во првиот дел кој го добија со (17-11).

Но, во вториот дел домашните ракометарки се вратија во игра и во два наврати имаа напад за намалат на два разлика (24-21 и 25-22).


Со нова гол серија избраничките на Индира Кастратовиќ ја заверија победата (30-25) која пак им ги врати за повисок пласман во групата.

Најпрецизна со девет голови беше Андреа Лекиќ, а два помалку постигна Андреа Пенезиќ. Голманскиот тандем Ина Суслина и Амајдин Лејно искомбинираа девет одбрани.

Во следната рунда „црвено црните“ пред своите гледачи ќе го пречекаат Будуќност кој е лидер на табелата во групата.

Мх.П.