Македонскиот женски ракометен првак Вардар одново беше подобар од Митјиланд во групната фаза во Лигата на Шампиони овој пат во Данска со високи 25-15 (12-11).
Играта од убедливата победа во Скопје, ракометарките на Вардар ја повторија во Данска што им донесе далеку полесна победа.
Во свој ритам беше голманката Амајдин Лејно која собра 19 успешни интервенции, а во стрелците предничеше Андреа Лекиќ со шест погодоци.
Со третата победа во четвртиот натпревар „црвено црните“ избија на чело на табелата пред Ѓер кој има послаба гол разлика од македонскиот преставник.
Ohridnews











